Силна поддршка од премиерот Шарец: Верувам дека ЕУ ќе донесе одлука за почеток на преговори

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силна поддршка од премиерот Шарец: Верувам дека ЕУ ќе донесе одлука за почеток на преговори

На прес конференцијата премиерот Шарец оцени дека нашата држава заслужува одлука за почеток на преговорите во октомври, при тоа посочувајки ги како важни постигнувања Договорот од Преспа, договорот со Бугарија, системските реформи направени во државава, што за словенечкиот премиер се одраз на желба, храброст , решеност за стабилност, безбедност, успех, демократска иднина.

Се надеваме дека Македонија во октомври ќе почне со преговорите за влегувањето во Европската Унија. Тоа е нашиот заеднички проект, бидејќи Словенија многу и помогна на Северна Македонија на тој пат и се разбира ќе помогнеме пак, бидејќи сакаме Западниот Балкан да стане дел од ЕУ, и тоа е убедување кое што го споделивме и со премиерот Заев“.

За премиерот Шарец, ваквиот октомвриски исход ќе значи признание за Северна Македонија „за неоспорните резултати за реорганизацијата на законодавството“.

Сакам да бидам јасен и да кажам дека очекувањата на Северна Македонија се големи и заслужени. Преговорите ќе бидат долги, но треба да започнеме“, рече премиерот Шарец, цитирајќи дека „почетокот значи половина од завршен пат“. Треба да се почне и тој почеток го чекаме сите. И ние во Словенија ќе помогнеме, како што сме помагале досега. Делуваме со полна пареа на сите подрачја, клучот за решението е на страната на ЕУ, но ќе се залагаме. Тоа е мојата денешна порака, дека сме пријатели, дека сме партнери и дека нема во тие заложби да попуштаме, иако има пречки, тоа нема да го правиме затоа што е лесно, туку затоа што е тешко“, рече меѓу другото на прес-конференцијата, премиерот на Република Словенија, Шарец, кој изрази надеж за скорешно членство на нашата држава во НАТО, а го поздрави и моделот на заедништво во земјава, како пример во регионот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата