Заев: Нашата иднина е во ЕУ и на тој пат можеме многу да учиме од Словенија

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Нашата иднина е во ЕУ и на тој пат можеме многу да учиме од Словенија

Претседателот на Владата, Заев се заблагодари за големата поддршка од Република Словенија за нашата земја.

Словенија беше втората земја којашто веднаш после Грција го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО и земја којашто, не само што нема никакви резерви за нашиот старт на преговорите со ЕУ, туку во континуитет и гласно `не поддржува за тоа. За нас исклучително важно е Европската унија да ги препознае и да ги вреднува нашите напори и храбри политички чекори. Нашата иднина е во ЕУ и на тој пат можеме многу да учиме од искуствата на Словенија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, оцени дека Словенија претставува и наш голем економски стратешки партнер.

Минатиот пат се вративме од Љубљана со веста дека компанијата Таб-Мак во Пробиштип ги проширува капацитетите со нова инвестиција вредна 25 милиони евра и со нови 100 работни места за нашите граѓани. Република Словенија е петти најголем инвеститор во нашата земја, со вкупен прилив од 375.9 милиони евра на странски директни инвестиции. Бројките покажуваат добар тренд на интензивирање на нашата економска соработка, а јас сум силно уверен дека имаме капацитет уште посилно да соработуваме и да го зајакнуваме нашето економско и политичко партнерство, што ќе донесе придобивки за граѓаните и бизнисите од двете земји“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека пријателството со Словенија е докажано и во потешки времиња, како мигрантската криза во 2015 година, кога „нашите пријатели од Словенија, од Австрија и земјите од Вишеградската група, ни пружија драгоцена помош“.

Во одговорите на новинарските прашања, и премиерот Заев и словечкиот премиер Шарец оценија дека околу прашањето за мигрантската криза треба да се делува заеднички и низ дијалог и дека очекуваат на тој начин справување и со можните нови предизвици на овој план.

„Сакаме да ја добиеме шансата за следниот чекор, почеток на преговорите“, рече премиерот Заев додавајќи дека постои свесност дека нашата држава треба да сработи уште многу во преговарачкиот процес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата