Додека Афродита живеела во Холандија, во дворот од родната куќа во Чаир и „никнал“ објект

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека Афродита живеела во Холандија, во дворот од родната куќа во Чаир и „никнал“ објект

Додека живеела во Холандија во дворот од родната куќа во скопски Чаир, непознат сторител изградил дивоградба, тврди Афродита Серафимовска, чија куќа е лоцирана на улица Дижонска бр. 11, во општина Чаир. Таа за ТВ Алфа раскажува дека неодамна ја известиле комшиите дека во нејзиниот двор покрај куќата и се гради уште еден објект.

Екипата на Алфа беше во Чаир со Афродита, но, за жал, таа не успеа да си влезе во родната куќа. Таа веќе 20 години не живее во земјава, па кога ќе дојде, при сопствен дом, мора да изнајмува стан за престој.

- Непознати луѓе ми изградија куќа во мојот двор. Имам докази дека водам постапка уредно и во суд и во општина и во сите институции, вели Серафимовска.

Иако поседува имотен лист за куќата, пред неколку години поднела и барање за легализација на дворното место, но и покрај тоа во нејзиниот двор се изѕидала уште една куќа. Афродита нема информација кој е новиот газда. Претпоставува дека тоа биле блиски луѓе на градоначалникот на Чаир, зашто токму од општината немало никаков одговор, освен празно ветување дека дивоградбата ќе биде срушена. Според неа, останува нејасно и врз основа на какви документи се вршат градежни активности на парцелата која е во државна сопственост.

- Се обратив и до градоначалникот, но не бев примена. До сите институции се обратив, писмено до Министерството за правда, за внатрешни работи, до градежната инспекција. Се надевам дека некој ќе ми помогне и ќе ми излезе во пресрет, апелира Серафимовска.

ТВ Алфа лично се обрати до општина Чаир. Праша кој гради и што ќе се преземе со случајот, но веќе неколку дена од општината молк.

Афродита вели дека Градежната инспекција на Општината донела решение за рушење на објектот уште лани, но акцијата била одложена, зошто – никој не знае.

Афродита не ја исклучува можноста да побара помош и од Холандската амбасада, односно од државата каде сега живее, зашто се работело за загрозување на човековите права. Се надева дека случајот нема да ја прелие чашата и институциите ќе преземат се, за час поскоро проблемот да биде надминат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата