Парада на гордоста во Приштина одржана без инциденти

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Парада на гордоста во Приштина одржана без инциденти

Неколку илјади луѓе продефилираа низ центарот на Приштина, за време на третата Парада на гордоста одржана во овој град, пренесуваат приштинските медиуми.

Парадата на гордоста под слоганот „За кого ти бие срцето“, е одржана во главниот град на Косово без инциденти, од која активисти од ЛГБТ заедницата повикаа на еднакви права.

Еден од организаторите оценува дека овогодинешната парада ја поддржале повеќе илјади луѓе и изрази задоволство поради се поголемиот број на учесници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата