Заев го пречека словенечкиот премиер Шарец: Јасна поддршка од Словенија за позитивна одлука од Советот на ЕУ

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев го пречека словенечкиот премиер Шарец: Јасна поддршка од Словенија за позитивна одлука од Советот на ЕУ

Претседателот на Владата, Зоран Заев е домаќин на Марјан Шарец, претседателот на Владата на Република Словенија, кој пристигна во работна посета на нашата држава. По пречекот пред Владата и тет а тет средбата на премиерите Заев и Шарец, делегации на владите на двете земји, предводени од премиерите на двете држави, имаат билатерална средба.

На состаноците е соопштена јасна поддршка од Република Словенија за позитивна одлука на Советот на ЕУ овој месец и почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија.

Премиерот Заев се заблагодари на словенечкиот премиер Шарец за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси од независноста на нашата држава, како и остварувањето на стратешките цели, како што се евроатлантските интеграции.

На средбата е констатирано дека Република Словенија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија и дека во претстојниот период, нашата земја уште поактивно ќе соработува со Словенија, за употреба на позитивните применливи искуства за европскиот напредок на државата. Оценето е и дека билатералните односи меѓу двете држави се интензивирани и дека тој тренд ќе продолжи со придобивки за граѓаните на двете земји.

По билатералната средба, предвидени се изјави за медиумите на двајцата премиери, по што е организиран и ручек во чест на премиерот Шарец.

Според планираното, словенечкиот премиер Шарец ќе се сретне и со претседателот на Собранието,Талат Џафери.

Во рамки на работната посета на премиерот Шарец, предвидена е и средба на премиерите Заев и Шарец, со припадници на граничната полиција, вклучително и со контингентот на словенечката полиција на јужната граница со Гевгелија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата