ДОМ со Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во Центар

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОМ со Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во Центар

Зелената партија ДОМ иницираше Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје под мотото: Сакаме „Даме Груев“ да биде зелена улица! Повод за Петицијата е најавата за нејзино претворање во сообраќаен булевар на потегот од „Палома бјанка“ до „Макотекст“, при што би се отстраниле повеќе дрвја, би се намалила пешачката и велосипедската патека, а би се зголемил бројот на автомобили, буката и сообраќајниот метеж.

Зелената партија ДОМ ги повикува граѓаните да се приклучат на иницијативата, во интерес на заштита на животната средина и квалитетен живот.

Петицијата можете да ја потпишете на следниот линк:

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата