МТСП: Креираме активни мерки за вработување в година според потребите на регионите и бизнисот

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МТСП: Креираме активни мерки за вработување в година според потребите на регионите и бизнисот

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите засегнати страни денеска во Битола ја одржаа втората регионална средба за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

Конкретните предлози се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален и стопанствениците од Битола, Ресен, Кавадарци, Велес, Демир Хисар и Прилеп кои треба да ги дадат своите сугести за реалните потреби на пазарот на труд.

„Сметам дека овој тип на дебати на локално ниво се клучни. Мерките се успешни кога се креираат според потребите на даден регион и за тоа веќе имаме успешен пример од минатата година. Во овој регион минатата година 700 лица ги користеле активните мерки за вработување. Верувам дека со добро планирање и сугестиите што ќе ги добиеме од бизнис секторот можеме да го зголемиме бројот на вработувањата но и да го обезбедиме потребниот кадар којшто недостига на компаниите и тоа ќе биде во интерес на сите“, рече Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска истакна дека улогата на АВРСМ, е да биде вистински сервис за невработените, но и за бизнис заедницата.

„Министертвото за труд и социјална политика ги креира мерките за оперативниот план со цел истите да бидат успешно имплементирани. Имаме успешна релизација во 2018 година којашто е над 95 проценти. Ваква висока реализација очекуваме и годинава. Во овој регион во моментот имаме над 350 работодавачи коишто ги користат услугите за вработување и над 700 лица.

Истовремено работиме на враќање на довербата на Агенцијата. Се насочуваме кон нов начин на работење. Во моментот течат обуки за наши колеги кои ќе станат советници на работодавачите и тие треба да даваат директна стручна поддршка на бизнисот. Исто така, од нова година планираме да воведеме целосно нов концепт на работење“, рече Јовановска.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска ја поздави идејата за организирање на регионалниот состанок во Битола истакнувајќи дека само преку консултација може да се надмине проблемот со недостиг на кадар во Битола и во останатите општини од пелагонсикиот и вардарскиот регион.

„Во Битола и во регионот недостига квалификувана соодветна работна сила и на овој проблем треба соодветно да се одговори. Годинава МТСП и Владата со четирикратно зголемените средства што ги има би можела да ви дадат соодветен импут во бизнисот преку овие мерки“, истакна градоначалничката Петровска.

Денешната средба во Битола беше органиизрана со поддршка на проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог , кој го финасира ЕУ а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Претходно регионална средба за ОП 2020 се одржа во Тетово, а до крајот на месецот ќе се одржат уште два регионални настани во Скопје и Струмица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата