(Видео) Луксузно крстарење се претворило во кошмар: Патниците си ги бараат парите назад

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Луксузно крстарење се претворило во кошмар: Патниците си ги бараат парите назад

Двонеделниот одмор од соништата за илјадници патници на луксузниот крузер „Норвиџен спирит“ се претвори во кошмар, а патниците сега бараат да им се вратат парите.

Повеќе од 2.000 туристи платиле и до 5.300 фунти (околу 6.000 евра) за крстарење на норвешките фјордови, а патувањето требало да вклучи и посета на Франција, Амстердам и Исланд.

Патниците тврдат дека проблемите започнале веднаш по тргнувањето. Првото пристаниште во кое требало да застанат бил Амстердам, пренесува News.com.eu, но поради силно невреме посетата била откажана, а новата дестинација била Ле Авр во Франција.

Но, тоа не била единствената промена. Крузерот исто така пристигнал, во како што кажуваат патниците, пуст норвешки град затворен за туристи, а потоа намесо на Исласд бил пренасочен во пристниште недалеку од Глазгов. Сепак, бродот долг 274 метри не добил дозвола да се закотви, па капетанот одлучил да го пренасочи во Белфаст.

Патниците веќе биле прилично нервозни и лути бидејќи минале три дена на море и тоалетите почнале да се расипуваат. Тие побарале да бидат вратени во Лондон, како и да им бидат вратени парите што ги платиле за крстарењето, а дополнителен проблем настанал и кога агенцијата „Норвиџен круз лајн“ одбила да им го врати целиот износ што го платиле. Наместо тоа, им биле понудени ваучери со 25% попуст за следното патување.

„На бродот имаше многу нервозни луѓе, а никој не ни објаснуваше што точно се случува, што предизвика незадоволство и револт кај патниците. Ова беше кошмар од патување. Тоалетите се распаднаа, не работеа и почнаа да се излеваат“, објаснил еден од патниците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата