Најмногу станови ќе се градат во Аеродром!

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмногу станови ќе се градат во Аеродром!

Двесте и десет одобренија за градба се издадени во август годинава, од кои најголемиот дел или 136 одобренија се за високоградба, објави Државниот завод за статистиката, констатирајќи зголемување на бројот на издадени одобренија за 9,4 отсто. Објавените податоци покажуваат дека во скопскот регион се издадените 49 одобренија предвидена е изградба на 147 станови, од кои, пак, 125 се во општината Аеродром. Ќе се гради и во југозападниот регион, каде се издадени 45 дозволи за градба, во Полошкиот 33, Вардарскиот 24, Југоисточниот 22, Пелагонискиот 20, Источниот 13 и најмалку во Североисточниот четири.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека предвидената вредност на сите објекти за кои е издадена дозвола за градба изнесува 2.326.990 илјади денари, што е за 53,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупно 210 објекти, на 145 или 69,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 или 30,9 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 кавдратни метри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата