Пет илјади евра во мебел и 50 000 евра кеш за Јанева во случајот „Рекет“

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пет илјади евра во мебел и 50 000 евра кеш за Јанева во случајот „Рекет“

Злоупотреба на службената положба и овластување е кривичното дело за кое е поднесено обвинение за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во денешното соопштение на Обвинителството е наведено дека Јанева, како второобвинета го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување.

-Откако првообвинетиот заедно со  третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот. Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“., се наведува во соопштението.

Целиот текст од соопштението за поднесеното обвинение може да го прочитате ТУКА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата