Мартин и Стефан утре ќе ја пуштат Јовка!

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мартин и Стефан утре ќе ја пуштат Јовка!

По одличните обработки на „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“... момците од Некст тајм утре ќе ја претстават и својата верзија на „Прошета се Јовка Кумановка“. Промоцијата ќе се одржи во НУЦК “Трајко Прокопиев” - Куманово.

„Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!! Очекувајте не !!!“, велат Мартин и Стефан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата