Саудиска Арабија објави дека ќе им овозможи на жените да служат во вооружените сили, како дел од нејзината широка агенда за економски и социјални реформи.

Овој потег е последен во низата мерки насочени кон проширување на женските права во кралството, и покрај тоа што групите за човекови права го обвинија Ријад дека спроведува репресивни акции против женските активисти.

„Уште еден чекор кон зајакнување на жените“, објави Министерството за надворешни работи на Твитер, додавајќи дека жените ќе можат да ги извршуваат должностите на регрутер, каплар или наредник.

Минатата година Саудиска Арабија им дозволи на жените да служат во безбедносните сили.

Крунскиот принц Мохамед бин Салман, де факто владетел на кралството, одобри низа реформи за проширување на правата на жените, вклучително и давање на право на управување со моторни возила и патување без согласност од машки „чувар“.

извор: Makfax

0

Најчитани вести