Пожар во куќа во Гостивар, повреден пожарникар

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во куќа во Гостивар, повреден пожарникар

Синоќа, половина час по полноќ во СВР Тетово пријавен е пожар во куќата на 39-годишниот гостиварец О.З,  на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар.

-Со интервенција на гостиварската Територијата противпожарна единица, пожарот целосно е локализиран. При гаснењето на пожарот повреди задобил еден пожарникар, кој веднаш бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата