Фросина Ременски не чувствува вина за случајот Рекет

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фросина Ременски не чувствува вина за случајот Рекет

По еден час распит во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт.

По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за Ременски бара мерки на претпазливост, дали ова барање ќе биде прифатено Кривичниот суд ќе информира во текот на денот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата