Евакуирани судови во Сараево поради дојава за бомба

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евакуирани судови во Сараево поради дојава за бомба

Судот во Босна и Херцеговина и Општинскиот суд во Сараево денеска беа евакуирани поради дојава за бомба.

Во Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, потврдено е за „Клих.ба“ дека рано утрово била примена дојава за бомба во Општинскиот суд во Сараево.

Наведено е дека зградата на Општинскиот и Кантоналниот суд во Сараево е евакуирана, а во тек е контрадиверзионен преглед.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата