Јапонија се подготвува за тајфунот Хагибис

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија се подготвува за тајфунот Хагибис

Јапонија се подготвува за пристигнувањето на супертајфунот Хагибис, кој, како што е најавено, ќе ги погоди централните и источните региони во текот на викендот, и ќе нанесе голема штета поради силните врнежи и ветрови.

Поради тајфунот, чија сила е еквивалентна на ураган од петта категорија, веќе се откажани два натпревари на Светското првенство во рагби, закажани да се одржат в сабота, како и маратон во крајбрежниот град Сендаи.

Исто така може да бидат откажани и трките во Формула 1 на патеката „Сузука“, пренесува АП.

Хагибис, што на филипински значи брзина, денес имаше максимални налети на ветер од 270 километри на час во близина на островот Чики во Тихиот океан, на околу 1.000 километри јужно од Токио.

Тајфунот сега се движи кон север со 20 километри на час и се очекува да ослабне над поладната вода додека се приближува до главниот јапонски остров.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата