Тајван: Кина се заканува на регионалниот мир и стабилност

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајван: Кина се заканува на регионалниот мир и стабилност

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен ја обвини Кина денес дека се заканува на Тајван, тврдејќи дека Пекинг претставува најголем предизвик за регионалниот мир и стабилност.

„Кина ја користи својата програма ‘една земја, два система’ за постојано да ни се заканува и да користи секакви напади“, рече таа во говорот на националниот празник.

Според неа, формулата на Кина за „една земја, два система“ го доведе Хонгконг „до работ на хаосот“, пренесува „Ројтерс“.

Кина го прекина контактот со владата на Цаи веднаш по нејзината инаугурација во 2016 година затоа што не го прифаќа ставот на Пекинг дека Тајван е негова територија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата