Последниот статус на Фросина Ременски – вчера од Берово пишува за невозможното

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последниот статус на Фросина Ременски – вчера од Берово пишува за невозможното

Јавното обвинителство денеска објави дека истрагата за „Рекет“ ја проширува за уште 5 нови лица, меѓу кои е и еден функционер, за кој веднаш во јавноста се рашири информација дека станува збор за пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која во Меѓународниот сојуз на Боки 13 беше почесен претседател.

Утрото пред Јавното обвинителство да ја посочи како осомничен функционер, Феменски во Берово гледала во сонцето, па во својот последен јавен статус на Фејсбук напишала:

Нема невозможни работи. Има само отсуство на мотивираност и упорност целите да станат реалност. Затоа, постојат луѓе кои сакаат и можат, луѓе кои можат но, не сакаат и луѓе кои не сакаат и не можат.
Ако целта ги определува средствата, тогаш изберете ги вербата, упорноста и искрената желба!
Ништо не е невозможно, додека не се заврши!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата