Манчевски: Прво обвинение за Ременски, па потоа постапка во партијата

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчевски: Прво обвинение за Ременски, па потоа постапка во партијата

Најпрво треба да се добие обвинението за Фросина Ременски за случајот „Рекет“ за потоа да се преземат соодветните внатрепартиски постапки, рече потпретдедателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на трибината „На прав пат“ што синоќа СДСМ ја одржа во Кочани.

Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира. Ако порано беше непоимливо Обвинителството да поднесе какво било обвинение против кој било функционер на владејачка партија, денеска тоа е сосема нормална работа. Ако порано Државната комисија за спречување на корупција „не постоеше“, денеска таа ја гони власта за она што не го прави како што треба, истакна Манчевски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата