Сончево со температура до 27 степени

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сончево со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 25 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата