Штрајк во училиштата во Хрватска за повисоки плати

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штрајк во училиштата во Хрватска за повисоки плати

Во основните и во средните училишта во Хрватска започна штрајк во кој се очекува да учествуваат повеќе од илјада образовни институции во земјата, откако Владата го одби барањето на двата образовни синдикати за зголемување на платите за 6 отсто.

По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто и им понуди само 2 отсто.

Штрајкот ќе продолжи секој ден во одредени жупании – до исполнување на синдикалните барања. ,,Владата понуди преку дополнувања зголемување на основата од два проценти на 1 октомври и два проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно”, рече Бранимир Михалинец од Синдикатот на вработените во образованието.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата