Турските воздушни сили погодија затвор со милитанти на ИД

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турските воздушни сили погодија затвор со милитанти на ИД

Курдски сили, што ја контролираат североисточна Сирија, соопштија дека во турски воздушен напад е погоден затвор во кој беа затворени милитанти на ИД.

„Еден од затворите во кои беа затворени припадници на ИД е погоден за време на воздушните напади од страна на Турција“, објавија на Твитер Сириските демократски сили.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека армијата погодила вкупно 181 позиции на милитантите во воздушни и ракетни напади од почетокот на операциите во североисточна Сирија.

Турските трупи и нивните сојузници од редот на сириските бунтовници синоќа влегоа во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, со што започна и копнена офанзива против борците од курдската милиција.Претходно, турски воени авиони и артилерија гаѓаа позиции на курдските борци на почетокот од прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата