Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот и без електрична енергија ќе останат делови на Шуто Оризари, Центар, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Карпош.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја корисниците од дел од ул. Виетнамска (општина Шуто Оризари), од 9 до 14 часот корисниците од Ганчо Хаџипанзов, Караорман и Димитар Пандилов (општина Центар), од 9 до 14 часот корисниците од с. Љубин и фирмите Даути Комерц, Ука комерц и Кланица Вилан (општина Сарај), од 8:30 до 15 часот корисниците од броевите над 150 на ул. Јајце, објектите на бул. Цветан Димов помеѓу хотел „Алба“ и маркетот „Кипер“, ул. Сараевска, и околните објекти на крстосницата од улицита Јајце и бул. Цветан Димов (општина Гази Баба).

Во периодот од 20:30 до 15:30 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Јадранска од бр. 2 до бр. 34 и дел од ул. Борис Сарафов од бр. 51 до бр. 72 (општина Ѓорче Петров)
во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 8 Март бр. 20 и ул. Орце Николов бр. 98 (општина Центар) и во периодот од 12:00 до 13:30 часот корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 96 и бр. 98 и околните објекти и ул. Прашка броевите 11, 13, 44, 40 и 34 и околните објекти (општина Карпош).

извор: Makfax

0

Најчитани вести