Селена Гомез објави фотографија за која доби 8 милиони лајка

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Селена Гомез објави фотографија за која доби 8 милиони лајка

Убавата 27-годишна пејачка ги изненади своите фанови со својот последен пост на својот официјален профил на „Инстаграм“.

Без шминка на лицето додека лежи во кревет Селена Гомез направи селфи што реши да го сподели со своите 157 милиони верни обожаватели што ја следат на „Инстаграм“.

View this post on Instagram

Me, all the time

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Селена, која последниве години се бори со најразлични проблеми – од автоимуната болест лупус, преку трансплантација на бубрези до психијатриски проблеми поради кои е и хоспитализирана – покрај фотографијата напиша: „Ова сум јас, секогаш“.

На краток рок, фотографијата доби повеќе од 8 милиони лајка, со што стана втора фотографија со најмногу лајкови на нејзиниот профил, но, голема е веројатноста таа да ја симне од тронот фотографијата на која позира со Ана Колинс.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата