(Видео) Напаѓачот на синагогата во Германија е неонацист, сакал да го разнесе храмот

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Напаѓачот на синагогата во Германија е неонацист, сакал да го разнесе храмот

Најмалку две лица загинаа во нападот пред синагогата во Хале, Германија, а има и повредени.

Според германски „Билд“, напаѓачот пукал со пушка пред синагогата, а според некои информации, граната била фрлена кон блиските еврејски гробишта. Нападот се случи на еврејскиот празник Јом Кипур.

„Билд“ го објави името на убиецот. Станува збор за 27-годишниот неонацист Стефан Балиет. Слично како Брентон Терант при нападот на џамиите во Нов Зеланд, Балиет убиствениот поход го пренесувал во живо на интернет.

Напаѓачот поставил и домашен експлозив пред синагогата и така се обидел да влезе во неа, дознава агенцијата ЕПА.

Се уште е непознато што точно се случило во близина на синагогата, но се чини дека еден или повеќе напаѓачи се обиделе да влезат во храмот, но биле спречени од вработен од обезбедувањето.

Лидерот на еврејската заедница, Макс Риворцки, рече дека во моментот на нападот во синагогата имало меѓу 70 и 80 верници.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека жителите на Хале можат да се вратат на улиците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата