СТРАШНО: Градоначалник врзан за камион го влечеле по улици оти не исполнил предизборни ветувања (ВИДЕО)

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО: Градоначалник врзан за камион го влечеле по улици оти не исполнил предизборни ветувања (ВИДЕО)

Единасет лица се уапсени во Мексико откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.

Градоначалникот бил изнесен од неговата канцеларија, па врзан за камион кој го влечел низ улиците затоа што не ги исполни преизборните ветувања дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци.

Без да претрпи посериозни последици, градоначалникот Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција.

Ернандес кажал дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата