Усвоен шестмесечниот извештај од надзорот над АКМИС системот во судовите

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Усвоен шестмесечниот извештај од надзорот над АКМИС системот во судовите

Осум судови во државава биле предмет на проверка на Комисијата за надзор во насока на тоа дали и колку се применува АКМИС системот.

Според зборовите на министерката за правда, Рената Дескоска, во шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС-от во судовите се нашле: Управниот суд и Вишиот управен суд, Основниот суд Скопје I – Скопје, Основниот суд Скопје II – Скопје, основните судови во Кавадарци, Куманово, Тетово и Кичево, а проверките се вршени во периодот февруари – мај оваа година.

„Комисијата за надзор заклучи дека во сите судови управувањето на предметите се врши исклучиво преку АКМИС системот, што е исклучително позитивен наод. Контролата над судовите кои биле предмет на проверка покажала дека редовно се врши прием и обработка на предметите, дека изземањето на судиите се врши по законска процедура, дека вклучување и исклучување на судии оди согласно системот АКМИС“, се наведува во соопштението од Владата.

Шестмесечниот извештај според мислењето на членовите на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството треба да биде прифатен и како таков да биде и предложен на разгледување на Владата.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата