Американскиот Конгрес ќе направи напори турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган скапо да ја плати својата офанзива во Сирија против курдските сили, сојузници на Вашингтон, предупреди денеска влијателниот републикански сенатор Линдзи Греам. „Молете се за нашите курдски сојузници, кои срамно ги напушти администрацијата на Трамп“, напиша тој на Твитер. „Ќе вложам напори во Конгресот Ердоган тоа многу скапо да го плати“, додаде овој сенатор кој вообичаено го поддржуива претседателот Трамп. Ердоган денеска на Твитер соопшти дека дал наредба за почеток на воената операција во Сирија која ја наречена „Извор на мирот“ и напиша дека целта на операцијата е да се искорени „заканата од терор“.

Претходно, турската телевизија пренесе дека турските авиони ги бомбардиларе позициите на сириските Курди преку границата, од страната на Турција.

Портпаролот на курдските сили Мустафа Бали денеска изјави дека турските воени авиони почнаа да напаѓаат „цивилни подрачја“ на северот од Сирија и дека тоа предизцикало паника меѓу жителите од оваа област.

 

1

Најчитани вести