Јасна Мандиќ, заменичката на Боки 13, донесена во Суд

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јасна Мандиќ, заменичката на Боки 13, донесена во Суд

Заменик-претседателката на невладината организација Меѓународени сојуз, Јасна Мандиќ, вечерва со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд.

Обвинителството за гонење на организиран криминал денеска отвори нова истрага за случајот „Рекет” и бара притвор за заменичката на Бојан Јовановски, кој ја водеше оваа невладина организација.

Мандиќ е осомничена за злоупотреби преку сметката на Меѓународен сојуз. Новата истрага се однесува на пет физички лица и едно правно лице.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата