Димитров им се заблагодари на пратеници од германскиот Бундестаг за поддршката за земјава

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров им се заблагодари на пратеници од германскиот Бундестаг за поддршката за земјава

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.

Како што информираат од министерството, на средбата се дискутирало за европските интеграции на Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија.

Димитров се заблагодарил за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на земјава во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

Гостите ја поздравиле посветеноста и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата