ЕУ ја повика Турција да ја прекине операцијата во северна Сирија

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ ја повика Турција да ја прекине операцијата во северна Сирија

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, инсистира Турција да ја прекине својата воена операција против курдските формации во северна Сирија, изјавувајќи дека Брисел нема намера да плаќа за таканаречената „безбедносна зона“, што може да биде создадена.

„Ја повикувам Турција, како и другите учесници, да дејствуваат воздржано и да ги прекинат операциите што се спроведуваат додека зборувам“, изјави Јункер пред Европскиот Парламент.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата