Турската офанзива во Сирија започна со бомбардирања од воздух

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турската офанзива во Сирија започна со бомбардирања од воздух

Турција и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници започнаа воена операција во североисточна Сирија, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган тврди дека целта на операцијата е обезбедување на мир односно да се елиминира заканата од курдските паравоени сили и борците на Исламска држава, како и обезбедување на враќање на сириските бегалци од Турција, по воспоставувањето на безбедна зона во таа област.

„Нашата мисија е да спречиме создавање коридор на терор долж нашата јужна граница и да воспоставиме мир во областа“, напиша турскиот лидер на својот профил на Твитер.

„Ние ќе го зачуваме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме локалните заедници од терористи“, додаде Ердоган.

Поради воената операција стотици цивили ги напуштаат областите во близина на турската граница, јави Си-ен-ен.

Аметиканскиот претседател Доналд Трамп објави твит непосредно пред почетокот на офанзивата.

„Влегувањето на Блискиот исток беше најлошата одлука што некогаш сме ја донеле… Во историјата на САД“, напиша Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата