Администрацијата на Трамп блокира пратки од кинеска компанија што прави пижами за бебиња што се продаваат во магацините на „Коско“, откако странскиот производител беше обвинет дека принудувал етнички малцинства затворени во камп, да шијат облека против нивната волја.

Владата исто така блокира гумени нараквици продадени од лидерот во индустријата Ансел чии клиенти вклучуваат хирурзи, механичари и научници ширум САД, обвинувајќи го малезискиот производител дека ангажира мигранти од Бангладеш, Непал и други земји. Забранет е и увоз од копмании од Бразил,дијаманти од Зимбабве и злато од источната Демократска Република Конго.

Цариснките и гранините служби на САД на 1 октомври воведоа забрана за увоз на стоки од пет држави, врз основа на тврдења дека луѓето што ги произведуваат тие производи може да бидат деца, или возрасни кои подлежат на присилна работа.

извор: Makfax

1

Најчитани вести