Вучиќ доби подарок од албански новинар, за подобро разбирање во иднина отколку во минатото

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ доби подарок од албански новинар, за подобро разбирање во иднина отколку во минатото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска доби на подарок речник на албански јазик од дописникот на албанската телевизија „Клан“, Идриз Сефери.

„На Неговата екселенција претседателот Александар Вучиќ, мојот личен речник за подобро разбирање во иднина отколку во минатото“, пишува во посветата на речникот што му го подари за време на интервјуто што го водеше со Вучиќ за телевизијата „Клан“.

Претседателот на својот инстаграм-налог „budućnostsrbijeav“ објави фотографија со посветата и врачувањето на речникот.

Откако зборуваше со претставниците на Српската листа пред изборите во Косово, претседателот на прес-конференција прочита документ на Централната изборна комисија на албански јазик и се пошегува со Сефери дали сè добро изговорил.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата