Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ги обвини САД дека играат многу опасна игра со сириските Курди, чии борци беа главни американски сојузници во војната против т.н. Исламска држава во Сирија.

Лавров за време на посетата на Казахстан, истакна дека САД првично поддржале „квази држава“ на сириските Курди во североисточниот дел на Сирија, а сега им ја откажуваат поддршката, пренесе „АП“.

„Таква безобразна позиција за ова крајно чувствително прашање може да го запали целиот регион, а тоа мора да го избегнеме по секоја цена“, посочи Лавров.

Тој ги повика Дамаск и сириските Курди на дијалог.

извор: Makfax

0

Најчитани вести