Јанушев: СДСМ и Заев ја потценуваат македонската јавност со водењето лажна борба против лажните вести, заложбите за независно и слободно новинарство, како и демократијата

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: СДСМ и Заев ја потценуваат македонската јавност со водењето лажна борба против лажните вести, заложбите за независно и слободно новинарство, како и демократијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот фејсбук-профил пишува дека СДСМ и Заев ја потценуваат македонската јавност со водењето лажна борба против лажните вести, заложбите за незавнисно и слободно новинарство како и демократијата.

- Борба против лажни вести, заложби за независно и слободно новинарство, демократија и демократски вредности … се само мал дел од заложбите на Заев и СДСМ, кои, за жал, се само декларативни и потценувачки за Македонската јавност!

Во реалноста не се важни уништената економија, тоа што народот е на “питачки стап”, иселувањето кое “зеде замав” како никогаш во минатото, катастрофата во здравството и земјоделието, безидејноста во образованието, спортот и културата, криминалот, корупцијата и рекетот кои “како пупка” ја отворија Република Македонија, “правиот пат” по кои не носи оваа криминално-рекетарска влада, “блескањето” на диригираното судство и обвинителство, важно е после 3 години апсолутна власт на криминалецот Заев кој распродаде се што е Македонско, да се побара оградување од Груевски?!?

На оние малкуте на кои се уште не им е кристално јасно, ќе им порачам дека ова ВМРО и ова раководство на ВМРО размислува, донесува одлуки и креира политики врз основа на својот разум, интелект и искуство!

А, во меѓувреме, занимавајте се со лажните ветувања за пилотите од Арачиново, додека „верувате“ дека Мицкоски нема да биде премиер за неколку месеци. 

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во неговиот пост на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата