При контрола на 64 автобуси во Штип, полицијата утврдила девет неправилности

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
При контрола на 64 автобуси во Штип, полицијата утврдила девет неправилности

СВР Штип вчера во периодот од 09:00 до 14:00 часот спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 64 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз и кај девет возила биле констатирани неправилности.

Кај четири била утврдена неисправност на уредите за запирање, кај еден неисправен уред за управување, а четири имале недостаток на опрема. За сите прекршоци, соопшти денеска МВР, издадени се соодветни санкции.

Санкционирани се и 44 останати прекршоци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата