Платите за просветните работници ќе пораснат за уште 10 проценти, одлучи Владата на седница

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Платите за просветните работници ќе пораснат за уште 10 проценти, одлучи Владата на седница

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката во за 10 проценти почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

Со оваа информација, велат од Владата, откако ќе биде постигната Спогодбата со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 проценти, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на два пати по 5 проценти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата