Прогласени победниците на “Наградата за социјално претприемништво 2019”

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прогласени победниците на “Наградата за социјално претприемништво 2019”

Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, официјално, по петти пат беа доделени Наградите за социјално претприемништво (Social Impact Award 2019) наменети за студенти и млади од земјава.

Најдобрите три идеи – EdiStraw, TreeBanks и CoSense – добија парична награда во висина од по 2.000 евра обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби ваучер за посета на настан во странство од Фондот за иновации и технолошки развој. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев, кадешто ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

“Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеја со социјален импакт. Се радуваме што наградата од SIA Македонија дава можност да се презентираме интернационално во Киев”, вели Невен Стевчев од TreeBanks.

Фондот за иновации и технолошки развој работи на воведување на иновации во јавниот сектор. Еден таков пример е реализацијата на проектот „Оброк за сите“, кој Фондот го спроведува во соработка со Министерство за труд и социјална политика и организацијата „Ајде Македонија“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата