ВМРО-ДПМНЕ: Колку е голема лагата на Заев се гледа од фактот што 300 пилоти немало од осамостојувањето

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Колку е голема лагата на Заев се гледа од фактот што 300 пилоти немало од осамостојувањето

На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално егзистенцијални проблеми.

Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката.

Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина. Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија. Зоран Заев мора да си замине, порача опозициската партија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата