Три познати и еден НОВ УСЛОВ за старт на преговорите со ЕУ: Прекин на претензиите кон малцинствата во Бугарија! (ВИДЕО)

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три познати и еден НОВ УСЛОВ за старт на преговорите со ЕУ: Прекин на претензиите кон малцинствата во Бугарија! (ВИДЕО)

„Останати прашања“ е 35. и последна глава од преговарачкиот процес на секоја земја што пристапува кон Европска унија и Бугарија ќе бара токму со неа да почнат и да завршат преговорите со Македонија, порача шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева во интервју за БТВ.

Во неа ќе бидат наброени барањата до западниот сосед, како што се прекинување на секакви претензии кон малцинствата во Бугарија, бришење натписи со антибугарска идеологија и запирање на јазикот на омраза, постигнување согласност за историските прашања, преземање јасни обврски за роковите во кои ќе бидат исполнети условите, прецизира Захариева.

„Ние ќе го поддржиме отворањето преговори, но со јасно вклучување на овие услови во Преговарачката рамка. Тие се и критериуми за присоединување. Во 35. глава треба да се вклучат сите тие ангажмани. Барањето ни е оваа глава да биде отворена во почетокот и да биде затворена последна“, изјави вицепремиерката.

Утре Владата во Софија ќе го разгледа и ќе го усвои т.н. Пакет проширување, кој ги вклучува сите услови на земјата кон Македонија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата