Мицкоски до Чадиковски: После три години власт на оваа криминална власт Вие ме прашувате за Груевски, тоа нема да смени ништо

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски до Чадиковски: После три години власт на оваа криминална власт Вие ме прашувате за Груевски, тоа нема да смени ништо

Три години власт на СДСМ ние сега за тоа да зборуваме. Сега не зборуваме за иселувањето, ајде тоа после, не зборуваме за Рекет, ајде тоа после, не зборуваме за лошата состојба во државата ајде и затоа после и да се огрдиме за нешто, а веќе три години владата во Република Македонија ние е СДСМ.

Еве да се оградиме за сето лошо што било направено од политичарите во Република Македонија од 1991 година до 2019 година, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарот Младен Чадиковски, одговарајќи на новинарското прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ не се оградила за политиките од минатото.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради политики кои што ќе бидат добри за сите граѓани, за оние политики кои што биле помалку добри ќе се трудат да не ги повторат, а они политики кои што се добри ќе ги надградуваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата