Актерот Џејмс ван дер Бик објави дека неговото семејство ќе стане побогато за уште еден нов член.
Тој е татко на пет деца, а на „Инстаграм“ ја објави веста дека неговата сопруга повторно е бремена.
Тој откри дека неговата сопруга Кимберли имала три спонтани абортуси.
„Абротусот е нешто за што луѓето многу ретко разговараат и често поминуваат во тајност. На тоа не смее да се гледа како на нешто срамно“, истакнува тој и додава дека во таква ситуација важно да си дадете простор и време за тагување.
Ван дер Бик и Кимберли се во брак од 2010 година, а денеска се родители на четири ќерки – Гвендолин, Оливија, Емили, Анабел Ли, и на синот Џошуа.
извор: Makfax