Мицкоски: Ако некој дава амнестија на криминалот, тоа е власта. Заев си бара обвинителство за да се пресметува со опозицијата (ВИДЕО)

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Ако некој дава амнестија на криминалот, тоа е власта. Заев си бара обвинителство за да се пресметува со опозицијата (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше на „24 Отворено“ и посочи дека граѓаните гледаат како власта го амнестира криминалот и ги премолчува големите скандали што ја тресат Република Македонија.

- Власта на оној нелегален и криминален начин преку оној допис на притвореничката Јанева од затвор некако насила ги префрлија предметите во рамките на ЈО, без никаков закон, без никаков нотар да го потврди автентичноста на потписот на притвореничката Јанева. Без судија да го одобри текстот итн. И ќе ве потсетам г. Јовевски определен период пред да засноваат редовен работен однос овие обвинители враќајќи се во матичните обвинителства им додели овластувања да ги застапуваат предметите пред суд, потсети Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според ова ако некој дава амнестија тоа е ова насилничка постапка која што ја спроведе Јовевски по налог претпоставувајќи од Заев.

- Таа одлука стигна после онаа средба која што беше фотографирана и таа фотографија циркулираше во јавноста. Каде што добива консултации односно совети од еден од адвокатите на премиерот на државата. И веднаш потоа се случи она писмо, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24 изјави дека Зоран Заев сака јавно обвинителство кое ќе има за цел да се пресмета со опозицијата и со политички неистомисленици а не обвинителство кое ќе гони висока корупција и ќе донеси правда во Република Македонија.

Токму тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и преговарачкиот тим да се обединиме во правото правдината и владеењето на правото, а тоа подразбира безусловно почитување на Уставот и на законите во Република Македонија, нешто што не е цел на преговорачкиот тим на СДСМ, бидејќи нивната цел е да се злоупотреби власта, да се злоупотребат законите и Уставот и да се врши пресметка и притисок врз политичките неистомисленици, вели Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата