Италија го намали бројот на пратеници во парламентот

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италија го намали бројот на пратеници во парламентот

Италијанскиот парламент денеска ја усвои одлуката за намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, на што инсистираше Движењето Пет ѕвезди.

„За“ реформата, со која бројот на пратеници се намалува од 945 на 600, гласале 553 пратеници, а „против“ биле 14.

Реформата ја вети Движењето Пет ѕвезди кое на почетокот на септември формира владејачка коалиција со Демократската партија, откако десничарот Матео Салвини ја повлече неговата антимигрантска партија Лига од владата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори со надеж дека ќе стане премиер.

Движењето Пет ѕвезди, кое од основањето ветува укинување на непотребните јавни трошоци, наведува дека намалувањето на бројот на пратеници ќе заштеди 300.000 евра.

Италијанскиот парламент, кој досега имаше 630 пратеници во долниот дом и 315 сенатори, беше втор по бројот на членови во Европа, зад британскиот кој има 1.425 пратеници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата