Им дојде живот - Се е спремно ЗА ОТКАЗИ во државната администрација

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Им дојде живот - Се е спремно ЗА ОТКАЗИ во државната администрација

Државните институции и оние што не се формирани од Владата треба да направат анализа, која ќе биде основа за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, рече. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој кажа дека Владата на денешната седница ги задолжила органите на државната управа и им укажала на институциите кои не се во нејзин состав да направат функционални анализи, кои ќе ги покажат главните проблеми во постојната организациска структура, по што ќе следат конкретни мерки за подобрување на работата во институциите.

„Во овој процес имаме поддршка и од Европската Унија преку ИПА проект. Резултатот од вертикалните функционални анализи ќе биде основа на дефинирањето на деталите за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор. Целта на анализата е да ги идентификува што од организациски и функционален аспект може да го отежне или попречи остварувањето на надележностите и задачите на соодветната инстутуција“, рече Манчевски.

Тоја кажа дека со анализите ќе се покаже и подготвеноста на институциите да ги спроведат потребните реформи и ќе се даде целосна слика за расположливоста со кадровски, просторни, технички и информатички ресурси, меѓу кои најважни ќе бидат човечките ресурси.

Тој рече дека врз основа на функационалната анализа направена кај инспекциските служби бил изработен и Законот за инспекциски надзор.

„Анализата покажа дека треба да има вкупно 12 инспекциски служби, од кои 11 државни инспекторати и една агенција, место досегашните 28 инспекциски служби. Околу оваа анализа и натаму ќе се дебатира во јавноста и ќе биде запознаена со деталите. Избрзани решенија на долг рок може да предизвикаат дополнителни проблеми“, рече Манчевски.

Тој кажа дека анализите ќе ги прават самите институции, а крајниот предлог за новата организациска поставеност на институциите треба да ја дадат меѓународни експерти, кои се вклучени со ИПА проектот.

„Очекуваме на почетокот на следната година да понудиме трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор, секако останува да ги консултираме стопанските комори, синдикатите“, рече Манчевски.

Вакви анализи веќе се направени во Министерството за информатичко општетство и администрација и во Министерството за труд и социјална политика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата