Претседателот на Руанда најави дека постојат планови да се отвори производствен погон во државата за компанијата Mara Phones.

Кога станува збор за паметните телефони, има многу производители од САД, Кореја, Јапонија и Кина. Меѓутоа, изгледа дека наскоро би можеле да очекуваме потенцијален производител од Африка. Претседателот Кагаме најави дека постојат планови да се отвори производствен погон во Руанда за компанијата Mara Phones.

Иако ова можеби за повеќето ова не е познат бренд , ова е важен потег бидејќи на идните уреди за прв пат ќе се напише „Made in Africa“. Според зборовите на луѓето од компанијата кои стојат зад производствениот капацитет, Mara Phones штотуку ја отвори првата фабрика со висока технологија за производство на високо квалитетни и достапни паметни телефони во Руанда. Од Mara Phones силно веруваат дека производството на паметни телефони ќе донесе огромна гордост на африканскиот континент“.

Извршниот директор на Mara Group, Ашиш Такар, исто така се пофали за Reuters: „Ова е првиот производител на паметни телефони во Африка. Ние, всушност, сме први кои се занимаваат со производство. Правиме матични плочи, изработуваме под-табли во текот на целиот процес. Има преку 1.000 делови по телефон “.

Mara Phones се осмислени во соработка со Google во рамките на програмата Android One, што треба да им овозможи на жителите на Руанда да ги направат паметните телефони подостапни.

Извор: PC Press.rs

извор: USB.mk

0

Најчитани вести