Момците од Дрим тим малку во студио, малку во теретана!

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Момците од Дрим тим малку во студио, малку во теретана!

Момците од Дрим тим сме ги гледале во различни изданија... со инструменти и без нив, во базен, кафеана... Ама во теретана тешко дека некој можел да поверува дека ќе ги види... 

Целиот состав веќе неколку дена е во туристичкиот центар Банско во соседството, каде се на кондициони подготовки за периодот што им следува. 

„Некако ни стана традиција да одиме на вакви куси подготвителни одмори кога се релаксираме пред „бурните“ периоди и воедно разговараме и се подготвуваме за сето она што не очекува. Не сме малку и затоа важно ни е, пред се, да бидеме пријатели и да разговараме, зашто кога има слога има се и се полесно се решава и надминува“, велат членовите на составот, притоа најавувајќи низа нови проекти од кои дел ќе бидат промовирани, а дел комплетирани во периодот што следува. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата