ЖАРЕ „Еден на еден“ пред стартот на новата сезона: Се чувствувам возбудено како да имам 23 години, а ’рбетот ме боли како да имам 50!

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖАРЕ „Еден на еден“ пред стартот на новата сезона: Се чувствувам возбудено како да имам 23 години, а ’рбетот ме боли како да имам 50!

Во пресрет на новата сезона на единственото „ток шоу“ кај нас зборувавме со неговиот домаќин Жарко Димитриоски, кој ни го откри датумот избран за старт, ни кажа што ќе гледаме во новата 11 сезона, но ни откри и дали има омилени и помалку омилени гости. Вели, ’се додека има причина за некој да биде на двоседот и да ги пополни минутите со екстра приказни, тој или таа се повеќе од добредојдени.’ За што уште зборувавме со Жаре, читајте во продолжение...

Наскоро стартува новата 11 сезона, колку всушност беше предизвик или можеби товар да се подготви нешто ново, поразлично, интересно кога зад себе се има толкав багаж, кога речиси се е видено и чуено?

Жаре: Предизвикот е во тоа што гледаноста се уште расте со секоја сезона, а колективното расположение не е воопшто променето на подобро. Наша задача повторно ќе биде да им пружиме малку безгрижност на луѓето пред почетокот на напорната работна недела, а дали тие ќе не наградат со уште една рекордна сезонска гледаност, ќе видиме.

Товарот не е толку во тоада се биде различен’, не дека има еден тон ток-шоуа во етерот, речиси и да нема. Товарот е повеќе во самото постоење и одржување на ваков тип на проект во ситуација како таа во која се наоѓаме повеќе од една деценија. Еден на Еден е скапа играчка, а шоуто отсекогаш било пазарно финансиран проект, телевизиите даваат само дел од рекламното време. Твое како продукција е да трчаш по спонзори, успееш да ги договориш, да немаш проблем побарувањата да си ги наплатиш и да се снајдеш како знаеш и умееш и ги исплатиш сите трошоци, цела опрема, тимот кој работи на емисијата, студиото каде се снима, авионите, хотелите, ручеците, притоа нештото да има заработка како основен предуслов за вопшто нештото да постои. Кога се поставува прашањето за евидентниот недостаток од ваков тип емисии кај нас за разлика од секаде наоколу, тука некаде треба да се бара и одговорот.

Што е она што ги очекува гледачите во новата сезона, што задржа, а што смени во однос на концептот?

Жаре: Задржан е тимот кој речиси непроменето функционира заедно во овие 11 сезони, со тоа и духот на емисијата. Освежувања и промени ќе има, мали, но забележливи. Враќаме и некои забавни интересни сегменти и игри во емисијата, кои ни ги побара голем дел од публиката за време на летната пауза. Немаме се дефинирано до 100%, но знаеме што очекуваме од себе, а тоа е се што може публиката да очекува познавајќи не толку долго?

 

Можеби не може да откриеме кого се ќе видиме во новата сезона, но што ќе видиме во првата емисија?

Жаре:  Премиерата е на 27.10 во 18: 30ч на Канал 5 и чест ми е што ќе почнеме со Перо Антиќ и Тодор Гечевски. Ќе има многу зезање, топ муабети, ќе играме безобразни карти, ќе има машки стриптиз од двајца од нас тројца... Некои од работиве можеби и нема да ги има, но којзнае... Можеби и ќе ги има! Се гледаме во недела на 27-ми на Канал 5 после вести.

Ако направиме мала ретроспектива низ годините наназад што е она или кој е гостинот кој никогаш нема да го заборавиш или можеби најлудото нешто што се случило пред камерите?

Жаре: Па имало еден тон работи, Марјана се качи да игра на биро, Владо Георгиев си скрши шише од глава, Спасе му се јави на Јанко во емисија, со Викса бричевме балони, со Тони Зен го игравме тешкото во народни носии, Сергеј Самсоненко свиреше на синтисајзер додека ќеркичката пееше, девојка од публиката му сепушташена Саша Ковачевиќ бидејќи тоа беше играта за дента, повеќе луѓе се имаат утоп направено играјќида плукнеш, ме изнасмеа’. Еден куп луѓе пееле, се смееле, и што уште не правеле на хелиум, долга е листава сериозно... ?

 

Сите имаме помалку и повеќе драги гостиима ли Жарецрна листа“, односно луѓе кои не се добредојдени?

Жаре: Помалку или повеќе драги гости можеби имам, ама листа на луѓе кои не се добредојдени морам да кажам дека никогаш не сум имал. Се додека има причина за некој да биде на двоседот и да ги пополни минутите со екстра приказни, тој или таа се повеќе од добредојдени.

И за крај, како се чувствува Жаре илиЏими Фелон од Влаепред стартот на новата сезона?

Жаре: Се чувствувам возбудено како да имам 23 години, а рбетот ме боли како да имам 50!

А.Т.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата