СКАНДАЛ: Барса останува без тренер заради тепачка

7.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛ: Барса останува без тренер заради тепачка

Фудбалскиот клуб Барселона му врачи отказ на Виктор Валдес по само три месеци на местото тренер на младинскиот тим, соопшти клубот. Валдес заминува поради навреди кон директорот Партик Клајверт, а инцидентот за малку ќе прераснел и во физички напад.

Валдес на тренерската позиција ќе го замени Франк Артига. Валдес е најуспешниот голман во историјата на Барселона со 539 натпревари и 21 трофеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата